Рано детство – почнува нова ера

Среќен прв роденден на вашето малечко! Сега вашето дете повеќе не е бебе туку мало дете кое се поактивно и поактивно го открива светот. Поради ова, на вашето мало дете му е потребна  здрава исхрана која ќе го обезбеди со потребната енергија и многу хранливи материи.

Малите деца имаат посебни нутритивни потреби. Тие имаат потреба од поголема количина на хранливи материи но сепак сеуште не можат да толерираат се што возрасните и поголемите деца јадат.

Осигурете им здрава исхрана сега, на пр. со многу овошје и зеленчук, бидејќи ова е периодот кога децата ги создаваат прехрамбените навики кои можат да ги задржат за цел живот.

На оваа возраст особено, малите деца ја развиваат природната желба да прават што повеќе сами. Ова се однесува и на јадењето како возрасни. Фразата “Можам сам/сама“ станува дел од секојдневниот детски вокабулар уште откако ќе прозборат. Поттикнете ја радоста да биде независно и оставете го вашето дете да пробува и да научи што повеќе за храната.

Многу родители се збунети во врска со правилната исхрана во овој возбудлив период. Тие не се сигурни дали производите за бебиња се сеуште соодветни или што веќе смее да јаде за време на семејните вечери. Ние би сакале да ве придружуваме и да ви помогнеме во текот на раното детство со нашиот водич.

Прилагодете ги оброците кои што ги нудите во зависност со согласност со развојот на вашето дете. Некои деца веќе можат да џвакаат добро и сакаат да јадат иста храна како остатокот од семејството, додека некои сеуште имаат потреба од кашички. Сепак кога е во прашање изборот на храна, постојат неколку ограничувања.

Ве молиме земете ги во предвид нашите препораки како насоки, а не како “правила“. Исхраната не може секогаш да се спроведува според планот бидејќи вашето дете не јаде секогаш се што му е понудено, или пак не сте дома, или пак немате се што ви е потребно за да го следите планот. Тоа е сосема во ред. Единствено е важно да ги нудите оброците според планот кога и да сте во можност и да нудите балансирана исхрана во текот на неделата.