Развој на моторни вештини

Овде Ви даваме преглед на развојот на моторните вештини во првите 12 месеци од животот на детето. 

Ве молиме да земете во предвид: Секое дете се развива со различен интензитет.  Многу од децата ги минуваат развојните фази една по друга, а други деца ги минуваат сите фази одеднаш. Ако имате некаков сомнеж или прашања поврзани со развојот на Вашето бебе, Ве молиме консултирајте се со Вашиот педијатар. 

Возраст (прибл)Движење
НовороденоБебето прави неконтролирани движења кои се строго одредени од (неволни)рефлекси. Ако му дадете прст, веднаш ќе го фати. Ако го галите одоздола на стапалото, малото стапалце ќе се свитка како да сака да фати нешто.
3 месециБебето може само да ја држи главата кога седи или лежи на стомаче. Може кратко да држи предмет.
3-7 месециБебето почнува да се врти : прво на страна, па од стомак на грб и после назад на стомак. Предмети крева со двете раце на почеток, подоцна помали предмети зема со една рака па ги префрла во другата.
7-10 месециОва е последна шанса да го обезбедите станот/куќата : детето почнува да се движи самостојно (лази, се лизга) и учи да седи. Зема мали предмети со палецот и показалецот, потоа може и ронка да земи со прстињата.
9-13 месециМоже да седи само без помош.
9-15 месециУчи да се исправа држејки се за мебелот и се движи со држење.
9-20 месециМоже да оди без помош и го открива светот на своите две нозе.

Вашето бебе ќе се научи да лази, седи и оди кога ќе е спремно. Некои деца прескокнуваат една развојна фаза, на пр. влечкање или лазење, други развиваат свој сопствен начин на движење наоколу, на пр. тркалање.

Можете да го охрабрите бебето во движењата со давањето можност да вежба и да собира искуство. Легнувајте го бебето на ќебе на подот што почесто и оставете го да клоца. Кога бебето е будно, менувајте лежење на стомаче и грб. Кратко време може и да го седнувате во столица за бебиња. 

Направете доволно простор во Вашиот дом за бебето, со тргање на сите извори на опасност. На тој начин бебето ќе може да се движи неограничено.