План за исхрана: Од 6 месец*

Мајчино млеко – се додека Вие и Вашето бебе сакате

* Започнете со дополнителна исхрана  според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна.

Вашето бебе досега пиеше само мајчино млеко и млечна формула во шише?

Во тој случај постепено воведувајте дополнителна исхрана како што е опишано во 4 до 6 месец. Идеални HiPP производи за почнување се оние со „од 4 месеци“ на етикетата.

Дали започнавте со дохрана после 4 – 6 месеци?

Да – Вашето бебе јаде полн оброк со лажица? Тогаш можете да воведете втор оброк во мени планот – заситувачка млечно-житна каша за вечера. Житарици-овошје каша во попладневните часови се препорачува како трет оброк за дохрана.

Рано наутро и подоцна наутро: Бебето сеуште добива мајчино млеко или HiPP 1.

За ручек: За ручек можете да му дадете оброк. HiPP нуди различни видови, за Вашето дете се запознае со широкиот спектар на вкусови. Има оброци со месо, риба и вегетаријански мениа. Риба може да се јаде 1-2 пати неделно. Оброците од 6 месеци се погрубо сомелени во споредба со оние од 4 месеци. Делуваат како премин кон производите со мали парчиња кои се за после 8 месеци. 

За десерт препорачуваме неколку лажици овошје богато со витамин Ц. Витаминот Ц помага за апсорпција на важното железо од зеленчукот во телото.

Во попладнето: Попладне можете да продолжете со доење или HiPP млечна формула(HiPP 1). Дополнително покрај млечниот оброк, можете да му дадете на бебето неколку лажици каша од житарици и овошје, припремена со мешање на HiPP органски житни каши и HiPP овошје или веќе спремна каша HiPP Овошје и житарици во тегличка. 

За вечера: Како втор комплетен оброк од дохрана, млечно-житна каша е замена за вечерното млеко. HiPP кашите за добра ноќ се идеални за вечерен оброк. Има две опции, готови во тегличка или во прашок само да се измешаат со вода. 

Вашето бебе сега ќе стане и пожедно. Заедно со првиот кашест оброк, можете да вежбате пиење без притисок врз него или врз вас. Мали голтки се сосем доволни во почетокот. Најдоцна со третиот оброк од дохрана, нешто за пиење треба да се нуди со секој оброк. Вода и незасладени чаеви се најдобри за згаснување на жедта. Осигурајте се дека жедта се згаснува набрзина и шишето не се користи за постојано шмукање. 

За да ја најдете правилната HiPP група производи, барајте ги следниве бои на полиците: