Потеклото на нашето органско млеко

Од каде доаѓа органското млеко за HiPP органските млечни формули?

HiPP млекото доаѓа од фарми кои стриктно се придржуваат кон водичите за органско земјоделство. Кравите се чуваат во соодветни услови за нивниот вид и повеќе од 200 дена во годината пасат на природни пасишта кои се  одгледуваат без минерални ѓубрива, хемиски или синтетички спрејови. Природната храна за животните како трева, сено или жита гарантира најдобар органски квалитет, потекло за здраво млеко. Тоа е она што го прави органското млеко толку вредно за HiPP млечните формули.

HiPP органското млеко е строго контролирано

Сето ова континуирано се проверува од независни контролни институти. И покрај тоа, HiPP ги контролира сите производи со сопствени лабораториски тестови, кои се дури построги од предвидените законски барања. Ова гарантира дека за вашето бебе се користи само најдоброто органско млеко.