Јадење за двајца ?

Во текот на бременоста, телото треба да се справи со многу работи.

Во текот на 40-те недели од бременоста, вашето тело е одговорно за многу работи. Вашето бебе се исхранува целосно преку папочната врвка и мора во континуитет да се снабдува со хранливи материи . Накратко, вашето тело е во посебна состојба и работи со максимален капацитет. Сега, повеќе од било кога порано, здравата исхрана е исто така важна како и одењето на редовни медицински прегледи како и практикување физичка активност на чист воздух.

Потребата од доволно нутриенти

Сите неопходни хранливи состојки кои му се потребни на бебето, тоа ги добива преку крвта на мајката, а ако е потребно, тоа ќе си „земе“ и од резервите на мајката. Фолната киселина, јодот и железото, се есенцијални за менталниот и физичкиот развој на бебето. Значи, од квалитетната исхрана, користа е взаемна , како за мајката така и за бебето.

Исто така треба да имате во предвид  дека и во текот на доењето е зголемена потребата од хранливи материи и потребно е и во тој период да се продолжи со балансирана и здрава исхрана.

Старото правило „јади за двајца“, e бајка од минатото

Уште од старо време е останато „правилото“ дека во текот на бременоста е потребно да се јаде за двајца. Во текот на првите три месеци од бременоста, не е потребно да се внесуваат дополнителни калории. Во понатамошниот тек од бременоста, од  4-от месец па понатаму, потребно е да се внесуваат околу 250 kcal повеќе дневно. Ова е еквивалентно на една дополнителна  порција на мусли или сендвич.

Значи, како ќе ја постигнете  „здравата исхрана“? Всушност, се зависи од состојките во исхраната. Тоа значи дека вашата исхрана треба да биде колку еможно поразновидна и да содржи многу витамини и минерали, но да не се многу калорични. Не е важна количината, туку квалитетот.

Во овој контекст, експертите зборуваат за голема концентрација на хранливи состојки. Ако зборуваме за оброците, идеалниот план за исхрана во текот на бременоста би бил претставен од дневен внес на овошје, зеленчук, салати, компири, производи од житарици, млечни производи со ниска масленост, морски риби заради Омега 3 масните киселини и не толку често месо кое не содржи многу масти. Од особена важност е внес на доволно течности.

 Дури и ако успеете да одржите баланс во исхраната, потребите од одредени хранливи состојки можеби нема да бидат задоволени. Многу често настанува дефицит, најчесто од фолна киселина, јод и долго-верижна Омега 3 масна киселина, и DHA.  Затоа нутриционистите препорачуваат додатоци во исхраната кои се посебно прилагодени на потребите на бремените жени и оние кои дојат. Ве молиме да се консултирате со вашиот гинеколог околу ова.

Подобро помалку но почесто

Не јадете повеќе од вообичаеното. Јадете поздраво. Дозволено ви е да јадете сèе што сакате но оброците да бидат добро распоредени во текот на денот.

  • Комплетен доручек
  • Главен оброк за ручек
  • За вечера помал и не толку обилен оброк
  • Една или две ужинки помеѓу главните оброци

Препораки за различни групи на храна

ОвошјеЗеленчукЦелозрнести производиМесоРибаМлечни производиМасти од растително потекло
Фолна киселина
Б витамини
Витамин Ц
Железо