Мени

Игри во тревата

Кенгурката Каја сака да скока низ шарените ливади.

Откријте ги нејзините идеи за игри во трева тука.

Погоди го мирисот

На една ливада, децата треба да соберат свежи стебленца од трева, цвеќенца, почва и се друго што ќе најдат. Потоа секое едно се става во празна тегличка (една тегличка за стебленцата, една за цвеќенцата, итн.). Важно е да не се прозираат тегличките ( можете да обложите HiPP теглички со украсна хартија или пак да ги избоите заедно пред да излезете од дома). Измешајте ги тегличките, и потоа отворете ги. Со затворени очи, помирисајте и обидете се да погодите што има во тегличката. Исто така можете да им ги преврзете со марама очињата на децата и така нема да има мамење. Кој има најдобро чувство за мирис?

Трка

Најпрво одредете што ќе биде „целта„ на пример големо цвеќе. Потоа осигурете се дека нема камчиња на патот и дека земјата таму е мека. Потоа „на позиција, спремни , тргни!“ . Кое дете може да ја победи Кенгурката Каја во трката?

Понатаму кон забавата со вода во градината со  Пајката Пале и Ракунот Роби

Назад кон преглед