Мени

Игри во песок

Мики Меркатот сака песок.

Ова се неговите омилени игри на песок.

Песочна игра со џамлии

Најпрво направете колку што можете поголемо песочно ридче. Потоа направете спирална патека од врвот па надолу, во која ќе го собере малата џамлија. Ова е најлесно да се направи со мала лопатка или едноставно со раката. Патеката мора да има високи страни, за кога џамлиите ќе се тркалаат надолу да не излетаат. Направете мали препреки или тунели и играта ќе биде уште позабавна.

Потрага по богатство

Потрагата по скриени предмети во песокот е многу забавна за секое дете. Малите дечиња можат самите да ги сокријат предметите и потоа да ги бараат. Многу е важно за децата да знаат како изгледа богатството кое го бараат. Дали е тоа еден орев? Или пак специјално камче? Играта е уште позабавна ако сами си изработите мапа и секое дете да има ковчеже за богатство во кое ќе го стават богатството откако ќе го најдат. Патем, Мики Меркатот го чува неговото богатство во неговото засолниште.

Понатаму кон игрите на Каја Кенгурката во трева

Назад кон преглед