Колку од што?

Како да знам дека моето дете јаде доволно и добива се што му е потребно?

Апетитот и изборот на храни се разликуваат од детет до дете и од ден во ден. Обично децата добиваат се што им е потребно во одреден временски период. Најдобрата потврда за адекватна снабденост е едноставна: доколку вашето дете е со нормална висина и тежина и е здраво, тогаш добива доволно. Доколку не сте сигурни, разговарајте со вашиот педијатар – доколку е потребно може да ви помогне.

Колку оброци му се потребни на моето дете?

Од искуство, 5 оброци се сосема доволни за малите деца: 3 главни оброци – доручек, ручек и вечера – плус една ужинка наутро и една попладне.

Колку слатки му се дозволени на моето дете?

Слатките може да бидат дел од исхраната на малите деца но во ограничени количини: тоа значи еднаш или два пати дневно во мали количини, на пример сладок намаз на леб. Важно е децата да научат како да се справат со темата слатки. Родителите сепак мора да се осигураат дека децата не јадат премногу слатки работи, бидејќи:

  • честото јадење на слатка храна може да ги оштети забите
  • слатката храна вообичаено содржи многу калории и малку хранливи материи како витамини и минерали

Јадењето премногу слатки го зголемува ризикот од појава на дебелина и недобивање доволно основни хранливи материи.

Наш совет: наместо да грицкаат слатки, подобро е да им понудите слатки работи за време на оброкот, пр. во вид на сладок намаз на леб или малку сладолед како ужинка помеѓу оброците. Грицкањето ги обезбедува непотребните калории и го намалува апетитот за редовните оброци.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма