Однесување на маса

Како да го научам моето дете да џвака?

Децата имаат сопствено темпо на развој и им треба многу време за да научат нови нешта. Едноставно понудете му на вашето дете јадење кои содржат парчиња во нив одново и одново. Некои деца сакаат да одгризат од поголеми парчиња – пробајте дали вашето дете повеќе сака да грицка банана или парче мек леб.

Моето дете постојано ги става рацете во храната – што да правам?

Вашето дете ја истражува својата храна со сите сетила; тоа е во ред за оваа возраст. Допирањето и пробувањето е дозволено, само осигурајте се дека доволно ќе стигне во уста! Оваа фаза ќе помине.

Моето дете си игра наоколу со неговата храна и не јаде. Што можам да направам?

Постојат различни причини поради кои вашето дете се однесува вака. Одвојте време кое ќе го поминете со вашето дете и откријте каква е причината. Можеби вашето дете едноставно не е гладно – тогаш најдобро е да го заврши оброкот. Дали вашето дете бара внимание? во тој случај јадете со вашето дете, хранете го некое време и потоа поттикнете го повторно да јаде само. Имате ли своја идеа?   

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма