Како функционира HiPP-овата исхрана по фази?

Треба да им се даде време на бебињата за да се навикнат на новите храни. Токму на овој концепт се базираат трите фази од посебниот план за исхрана.

Основа Во првите четири до шест месеци, се што ви треба за вашето бебе е млеко – мајчино млеко или млечна формула HiPP.
Фаза 1
Започнете ги првите обиди на јадење со лажица (после 4 месец најрано и од 6 месеци најдоцна) со еден тип на зеленчук, на пр. „HiPP Беби морков“, „HiPP Бел морков“ или „HiPP Беби тиква“. Зголемете ја количината на зеленчук за неколку лажици секој ден.
Фаза 2
Доколку бебето лесно ги вари новите храни, започнете со дохрана со две состојќи по неколку дена (на пр. Беби морков со компири, Тиква со моркови и сл.).
Фаза 3
Доколку бебето без проблем ги вари и овие состојќи, тогаш е спремно за третата фаза од концептот на исхрана: дохрана со три состојки (на пр. „HiPP Морков со компири и Органско телешко“, „HiPP пченка со компир и Органска мисирка“, HiPP Тиква со компири и Органско телешко).

HiPP-овата исхрана по фази за прв оброк од дохрана за ручек

Табелата покажува како и кои чекори се најдобри за градење на план за исхрана на Вашето бебе. 

Важна напомена: Доењето е најдобро за Вашето бебе. Консултирајте се со Вашиот педијатар за употреба на млечна формула. Следете ги важните препораки и упатства за подговотвка на паковањата.