Која дополнителна храна е правилна за моето бебе и кога да започнеме?

За време на првите четири до шест месеци, мајчино млеко и/или формула со HiPP HA 1 Combiotic е апсолутно доволна за да го снабди бебето со сите потребни хранливи состојки. Во врска со воведувањето на дохрана, научните сознанија денес ги даваат истите препораки и за деца без зголемен ризик од алергии. 

Прилагодувајте се на развојот на вашето бебе и започнете со дохрана најрано после 4 месец и најдоцна од 6 месец. Консултирајте се со Вашиот педијатар за повеќе информации. Воведување на дохрана доцна, не обезбедува подобра заштита од алергии. 

Во врска со изборот на дохрана, модерната наука исто така не прави рестрикции повеќе кога станува збор за алергии. Но, добра идеја е – посебно кај деца кои имаат одреден ризик за алергија – да се воведува дохрана строго по принципот чекор-по-чекор. HiPP производи кои имаат „зелено А“ (од неколку избрани состојки) се најсоодветни. Со овие едноставни производи со само неколку состојки, лесно можете да ја надополнувате исхраната на вашето бебе чекор-по-чекор. (Користиме само производи со природно ниска алергеност.)

Докажано лесно сварливи за почеток со дохрана

Започнете со производи со едноставен состав (обележани со зелено А). Содржат само неколку состојки, како „Беби морков“, „Бел морков“ или „Беби тиква“ и проширувајте го менито чекор по чекор (погледнете: Како функционира HiPP-овата исхрана по фази?). На овој начин, бебето има доволно време да се запознае со состојките една по една, и можете точно да следите точно кои состојки предизвикуваат проблеми а кои не.