Мени
  • Чаеви пријатели на забите

    Бебешките чаеви треба да се што понежни за забите, од самото појавување на првото запче.

    Научно тестирани

    Сите HiPP чаеви кои се наградени со знакот среќен заб се научно тестирани за нежност кон забите во контролиран практичен тест. Тестот го поминуваат само производи кои докажано не предизвикуваат кариес ниту ја напаѓаат ни оштетуваат глеѓта.

    Како може да се тестира? Доброволци го пијат нашиот чај. 30 минути после пиење, се мери рН вредноста во нивните усти. рН вредноста е мерка за ниво на киселост; колку е пониска, покисел е производот. Киселините кои доагаат директно од храна или произлегуваат од распаѓањето на шеќерите од бактериите во устата можат да ја оштетат забната глеѓ.

    Бидејќи рН вредноста не се спушти под критичната вредност 5.7, нашиот чај го доби печатот Среќен заб како знак за безбедност кон забите. 

    HiPP Чаеви пријатели за забите од првата недела

    HiPP екстракт чаевите „Чај од Лековити билки“ и „Чај од коморач“ се направени од 100% екстракт од билки без додаден шеќер, како и „Органски чај од коморач“ во филтер кесички кој содржи само коморач, се пријателски кон забите. Овие чаеви го поминаа тестот за безбедност на забите и затоа го добија печатот Среќен заб.

    Зошто „Органски овошен чај“ и „Органски чај од јаболко и коморач“ во филтер кесички го немаат печатот Среќен заб?

    HiPP чаевите во филтер кесички се без додаден шеќер, но содржат делови овошје и како резултат, малку овошна киселина. Не можат да се назначат како пријатели на забите бидејки природно содржат шеќер. 

  • Знакот Среќен заб

    Среќен заб – е добар знак

    Печатот за квалитет е доделен на храна и пијалоци кои докажано не ги оштетуваат забите, не се кариогени (не предизвикуваат кариес) и не се ерозивни (не ја оштетуваат глеѓта). Ова е тестирано во научни тестови кои се признати низ светот. 

    Ќе го најдете „насмеаното бело запче со заштитно чадорче“ на следните HiPP чаеви за бебиња:


    Од првата недела

    • Во филтер кесички: HiPP Органски чај од коморач
    • Екстракт чаеви: HiPP чај од лековити билки
    • Екстракт чај: HiPP чај од коморач


    До чаеви

    Кое е потеклото на знакот Среќен Заб?

    Знакот Среќен заб и “Aktion zahnfreundlich e.V.”(кампања за безбедност кон забите) се блиску поврзани. Оваа кампања беше формирана во 1985 и е непрофитно здружение на доктори, забари, нутриционисти, новинари, приватни личности и комерцијални претпријатија. Членовите на здружението си поставија цел да му ја објаснат на јавноста врската помеѓу здрави заби и исхрана. Членовите ќе промовираат исхрана која е пријателска кон забите. 

    Доделувањето на интернационалниот регистриран заштитен знак „Среќен заб со чадорче“ му дава на потрошувачите корисен водич во широкиот избор на производи „без шеќер“.

    Од Јуни 2011 „Среќниот заб“ и здравата порака која оди со тоа, исто така е позитивно прифатена од EFSA(европска дирекција за безбедност на храна). Ова значи дека симболот Среќен заб и поврзаната со тоа безбедност за забите се официјално признаени низ Европа.

    www.zahnmaennchen.de

Пребарување на производи за Дополнителна исхрана