Како да го навикнам бебето на дохрана?

Во зависност од индивидуалната состојба на развој на бебето, мајчиното млеко или млечната формула нема да е веќе доволна во периодот од 4 до 6 месеци. Експертите за исхрана препорачуваат проширување на менито со додавање на овошје, зеленчук и месо. Месото не е само богато со протеини. Исто така е најдобар извор на природно железо. 

Прва недела со дополнителна храна меѓу 4 и 6 месец

ПојадокДоење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic)
Подоцна во утротоДоење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic)
РучекHiPP Зеленчук(пр.Беби морков, Бел морков, Беби тиква) проследено со доење/млечна формула
ПопладнеДоење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic)
ВечерДоење или HiPP млечна формула (1 Organic, 1 Combiotic, HA 1 Combiotic)
По потребаВода за бебиња, незасладен чај

* Важни совети: доењето е најважно за вашето бебе. Прашајте го вашиот педијатар за совет ако сакате да користете млечна формула. 

  • За ручек пред млекото, почнете со 4-6 лажици HiPP зеленчук, пр. „Беби морков“, „Бел морков“ или „Беби тиква“.
  • После зеленчукот, дадете го вообичаениот млечен оброк (мајчино млеко или HiPP млечна формула) додека бебето е сито.
  • Зголемувајте ја количината на зеленчук по неколку лажици секој ден.
  • Доколку бебето не го прифаќа зеленчукот веднаш:бидете трпеливи. Обидувајте се неколку дена.
  • Користете рамна пластична лажичка со заоблени рабови.

Од втората недела со дополнителна храна

  • Продолжете со зеленчук како HiPP „Тиква со компир“ и други комбинации кои можете да ги додадете на менито.

Што е следно?

  • Откако бебето ќе се навикне на зеленчук, можете да дадете оброк со месо, како HiPP „Морков, компир и телешко месо“ или „Пченка со пире од компир и мисирка“.
  • Еден оброк со месо е важен за да обезбеди доволно железо за вашето дете.
  • Кога вашето малечко ке изеде цела тегличка со оброк(190г), изоставете го мајчиното млеко/HiPP млечната формула за ручек.
  • Неколку лажички од HiPP овошје или Овошје и Житарки како десерт го прават ручекот комплетен. Витаминот C во овошјето ја помага апсорпцијата на железо.
  • Како нареден чекор, доењето/млечната формула навечер може да се замени со млечна и житна каша. Достапни се како HiPP каши за добра ноќ без додаден шеќер во тегла или како снегулки за да се комбинира по желба.
  • Како трет оброк од дохрана, житна и овошна каша(HiPP Овошје и Житарици) се дава попладне наместо млечен оброк.
  • Кога бебето се дохранува и еден млечен оброк комплетно е заменет со каша, после 6 месеци можете да преминете од почетна на последователна формула (HiPP 2 Organic, HiPP 2 Combiotic, HiPP HA 2 Combiotic). Бебињата кои се доени, продолжуваат со доење.

* Доколку сакате да давате последователна формула во шише пред 6 месеци, прашајте го педијатарот за совет.

Совет: колку повеќе бебето јаде цврста храна, толку поважно пиењето станува. Затоа, нудете му на бебето течности, но не го форсирајте да пие. Посебно соодветни се HiPP водата за бебиња, HiPP Чаевите или разредени овошни сокови (1 дел сок на 2 дела вода).

Важно: не му го оставајте шишето за пиење да го цица подолго време. Не се грижете ако во почетокот бебето пие само малку. Се додека столицата му е мека и пелените се водени и тешки, бебето добива доволно течност.