Моето бебе има опстипација многу често

Бебињата обично имаат столица 2 до 3 пати на ден, иако секое бебе е различно. Некои бебиња ги празнат своите црева неколку пати на ден а некои еднаш на 5 дена. Опстипација е кога детето има тврда столица помалку од еднаш неделно и дури и тоа е тешко. 

Важно: ако Вашето бебе постојано има проблеми со дигестија, разговарајте со Вашиот педијатар за тоа. 

Опстипација при ексклузивно хранење со формула

Ако Вашето бебе се храни само со формула, проверете дали употребувате правилна количина на прашок и вода со вклучената мерна лажичка. Со правилен однос на прашок и вода ќе обезбедите правилен внес на потребните течности. 

Ако Вашето бебе има потврди столици, преминете на нашиот HiPP Combiotic. HiPP Combiotic содржи, меѓу другите состојки, и важни диететски влакна (ГОС од лактоза). Овие диететски влакна помагаат да омекне столицата. Мајчиното млеко содржи природни диететски влакна – една од причините зошто доените бебиња најчесто имаат помеки столици од бебињата на млечна формула. 

Погрижете се Вашето бебе да добива редовно вежбање бидејки дигестијата се стимулира со лазење и тркалање. Бебешка гимнастика исто може да помогне и е вистинска забава за Вашето бебе.

Галете го или масирајте го мешето на бебето во правец на стрелките од часовникот. 

Опстипација при воведување на дохрана

Кога се воведува дохрана често столицата станува потврда и не толку честа. Нормално е некогаш децата да треба да вложат напор. Се додека нема плачење и болка, нема потреба за вознемиреност.

Вообичаено цревните движења се само-регулираат после некое време и дигестивниот систем се навикнува на новата храна. 

Совети за омекнување на столицата:

  • Давајте му на детето доволно течности. Некои чаеви или овошни сокови со омекнувачки ефект врз столицата(на пр. HiPP Сок од јаболко)меѓу оброците најчесто водат кон решавање на овој проблем.
  • Во врска со бебешката храна, треба да давате разновидни производи со омекнувачки ефект врз столицата(влијанието е напишано на етикетата), како на пр. HiPP каша од јаболко или оброци со целозрнести житарки (HiPP Овошје и Житарки).
  • И движење или нежна масажа може да ја помогне дигестијата. Најдобро е бебето доволно да е активно. Тоа ги олабавува мускулите и стимулира дигестија.

Важно: при пролонгирани проблеми со столицата, Ве молиме консултирајте се со педијатар.