Многу родители на првиот одмор со бебе патуваат со кола:
- Испланирајте го патувањето на ден кога не се очекува голема сообраќајна гужва.
- Тргнете во време кога бебето е уморно и за брзо би заспало
- Променете ја пелената и нахранете го пред да тргнете
- Заштитете го од сонце во колата, на пр. ставете крпа или сенка за заштита од сонце на прозорецот до бебето. Бидете внимателни со клима уредот: бебињата се ладат побрзо од возрасните. Внимавајте да не го изложете бебето на провев кога е отворен прозорецот.
- Правете пауза од барем пола час на 2 часа возење.
- Понесете HiPP Овошје и Житарки за патувањето. Не заборавајте да спаковате доволно пијалоци за патувањето.
- Чувајте ја храната на лесно достапно место и во кеса за ладење, но не ја ладете премногу. Не заборавајте да понесете крпи, влажни марамици/HAртиени шамивчиња и кеси за отпад.
- Секогаш седнувајте ги бебињата во седишта за деца, соодветно за нивната возраст, за време на возење.