Транспорт на храна за бебиња на патување

Како можам да транспортирам храна за бебиња во кола?

Температурите во багажникот можат да надминат 40°C. Затоа, треба да мислите однапред:

Суви производи како млечна формула, житни каши во прашок и теглички од храни базирани на овошје(Овошје, Овошје и Житарки, Овошје и Јогурт, Овошен Дует) се прилично стабилни. Овие производи можат да се транспортираат во багажникот без проблем. 

Зеленчуци и производи кои содржат месо (оброци со месо) можат да се расипат ако се изложени на температури над 40°C подолго време. Затоа, перпорачуваме да внимавате на температурата за призводите да останат безбедни. Доколку е можно, сместете ги во делот за патници. Вентилација и клима уредот ќе ги одржува температурите пониски. 

Транспорт во багажникот: изладете ги тегличките во фрижидер пред патувањето, после ставете ги во термос торба/кутија.

Прво, тегличките треба да се наместени внимателно за да не се скршат. Сите производи што ви требаат за време на возењето треба да ви се спремни во колата. 

Транспорт во авион

Храна за бебиња може да со носи во багаж во куфери отпорни на притисок и удари(куфери со тврда обвивка). Тегличките треба да се спаковани внимателно за да се избегне кршење. Ставете ги и во најлонски кеси за заштита на остатокот од багажот. 

Сепак, препорачуваме да си земете храна за првите 2 дена во рачен багаж, за во случај кога останатиот багаж ви доцни. Во таков случај сте сигурни дека имате храна за вашето бебе. Информирајте се во вашата авиокомпанија пред патувањето, која храна за бебиња ви е дозволена да ја понесете во рачниот багаж. 

Чување на храна за бебиња во хотелот

На одмор, теглите треба да се чуваат под 30°C. Проверете пред употреба дали паковањето е неоштетено. Ако тегличката не е правилно запечатена, не е безбедна за јадење. 

Пробајте го „капак тестот“: средината на капачето треба да е вдлабната(малку надолу)и не смее да се притиска под притисок. Секоја тегличка со свиткан нагоре капак не треба да се користи од безбедносни причини. 

Додатно, треба да забележите јасен звук на кликање кога ја отварате за прв пат.

Додека сте на одмор, инстант производи како HiPP млечни формули или каши треба да се чуваат на суво место, подалеку од сонце. Ако е многу топло, се препорачува неотворената сува храна да се чува во фрижидер. Откако ќе се отвори, не треба да се чува во фрижидер. Прашокот може да стане влажен и да се расипе. Складирајте ги на суво место и искористете ги што побрзо. Со пробиотска формула на многу висока температура може да се случи пробиотските млечно кисели култури да се разделат, што, не претставува здравствена опасност. 

Патувајте безбедно и уживајте во Вашиот одмор!