Дали на бебето му треба храна во текот на ноќта?

Секое бебе има свои индивидуални навики и потреби за спиење и јадење. Новородените бебиња особено немаат концепт за дење и ноќе во првите недели. Бебето едноставно не е навикнато да не добива храна во подолг период. Во утробата бебето беше „хрането“ цело време. Затоа, бидете спремни за чести „повици на должност“ во ноќта во првите недели. 

Ако го храните бебето со млечна формула, можете да се менувате со Вашиот партнер за хранење. Се разбира, можете да го направите истото ако измолзите мајчино млеко во ноќта и го чувате во фрижидер (добро затворено на +4°C до +6°C максимум 2 дена).

На возраст од три месеци бебето ќе има подолги периоди измеѓу оброците и затоа ќе спие подолго во ноќта отколку во денот. Во вторите 6 месеци, на децата не им треба храна навечер бидејки на оваа возраст ритамот за глад и ситост комплетно се пренесува во текот на денот.

Млечна каша пред спиење

Како последен оброк пред спиење, млечна каша ќе го засити бебето повеќе од мајчино млеко или формула. HiPP Mлечните каши се достапни како инстант производи. Се што Ви треба е да ги измешате со вода. Можете да ги користите и нашите готови HiPP Каши за добра ноќ во теглички.

Преглед на сите HiPP Оброци за добра ноќ можете да најдете овде.

Важно е да се осеќаат сити во текот на денот

За чувство на ситост навечер, не е потребен само хранлив вечерен оброк, треба и доволно храна во текот на денот. Ако сакате бебето да спие во текот на ноќта, важно е да му бидат заситени хранливите потреби и во декот на денот. Пробајте да го префрлите енергетскиот состав на вечерниот оброк во текот на денот. Понудете оброк за ручек кој содржи зеленчук и месо или риба. Само замена на млечен оброк со каша од зеленчук не е доволно. На почетокот на периодот на дохрана и се додека бебето не може да изеде цел оброк, сеуште можете да додавате млеко се додека бебето е потполно сито. Искуството покажало дека количината на млеко постепено се намалува, се додека млечниот оброк не е потполно  заменет со каша. 

Одвикнувње од ноќни оброци

Ноќните оброци можат да преминат во чиста навика од која бебето нема да сака да се откаже. Ако бебето продолжи да се буди навечер, препорачуваме да дадете чај без додаден шеќер или превриена вода, но не нудете храна. Ноќните оброци го попречуваат непрекинатото спиење во текот на ноќта и можат да ги оштетат малечките запчиња бидејки најверојатно нема да ги исчистите после. Одвикнување од оваа навика одзема време и трпение, но со упорност ќе ја постигнете целта.