Секое дете има своја индивидуална шема и потреба за спиење и јадење. Новородените бебиња особено немаат концепт за дење или ноќе во првите неколку недели. Нема голем број на активности кои можат да ги направат родителите за да ја развијат шемата.
Можете да го поддржете детето во својот развој, но самото дете го одредува темпото. Некои деца имаат силен природен ритам. Овие деца обично спијат преку цела ноќ од рана возраст. Други бебиња секогаш се гладни или изморени во одредени периоди во текот на многу месеци. Имаат потреба од подршката на нивните родители да најдат рутина која е прифатлива за целото семејство.
Повторувачки, смирени дневни рутини со редовни оброци, пред спиење и други активности како прошетки надвор или одредени ритуали се мноу важни. Рутина, како капење, јадење, приказни за добра ноќ или приспивни песни може да имаат смирувачки ефект. Не заборавајте да ги полните вашите сопствени енергетски извори со добро балансирана исхрана, доволно течности и повеќе одмор од обично во текот на денот.