На овој начин бебето ќе спие безбедно и удобно

Во ретки случаи, ненадеен синдром на смрт на новороденчето настанува во првата година, за време на спиење. За среќа, достапна е ефикасна превенција: правилна околина за спиење. Едноставни мерки помагаат за намалување на ризикот за бебето на минимум. Следните препораки се научно докажани и се потврдија како успешни во пракса.

Спиење на грб

Од првиот ден, бебињата секогаш треба да спијат на грбот – и во текот на денот. Ова е најважната превентивна мерка за безбеден сон и го намалува ризикот од ненадеен синдром на смрт на новороденчето за 50%.

Ако се плашите дека бебето може да голтне повратена храна и да се угуши од неа, веќе не треба да се грижите. Експертите велат, овој страв е потполно неоснован, но за жал често стои на патот до безбедна позиција на спиење.

Кога бебето е будно и активно, треба да се става на нејзиното/неговото стомаче, за да ги тренира грбните мускули. Подоцна, кога бебето може само да се сврте на стомачето, можете да го оставите да спие во таа позиција. 

Вреќа за спиење наместо ќебе

Соодветна вреќа за спиење не може да биде турната или повлечена над главчето.

За правилна должина на вреќата, правилото е: должина на телото минус должина на главата плус 10-15cm. Отворот кај вратот не треба да е поголем од ширината на главата. Достапни се и посебни вреќи за спиење за новороденчиња.

Заштита од претоплување

Бебињата сакаат да им е свежо кога спијат. Треба да вклучите греење само ако температурата падне под 18°C. Не го ставајте креветчето блиску до греењето или на сонце. 

Се што на бебето му треба за спиење е пелена, боди, пижами и вреќата за спиење. Доколку температурата во собата е висока, особено во лето, му требаат и помалку алишта. Ако се поти околу вратчето, собата е претопла. Не му ставајте капче за спиење, бебињата преку главите се ослободуваат од вишокот топлина. Шишиња со топла вода и загреани ќебиња се непожелни во креветчето, исто како и овча волна и слично.

Чадот од цигари е штетен

Пушење во близина на бебињата го зголеува ризикот од болести како и од ненадеен синдром на смрт на новороденче. Ве молиме избегнувајте пушење за време на бременоста и во текот на првата година. Просторот за дневен престој треба да е без чад, посебно собата каде бебето спие.

Одделно креветче во спалната на родителите

Во првата година, бебето би требало да спие во свој кревет во Вашата спална соба. Звукот на Вашето дишење има позитивен ефект врз регулацијата на дишењето на бебето.

Материјал за креветчето:

  • Прилично тврд, душек кој пропушта  воздух
  • Без перница
  • Без крзно, меки перници или меки играчки

Доењето е здраво

Доените деца имаат редуциран ризик од ненадејна инфантилна смрт. Ако е можно, пожелно е да го доете Вашето бебе 4-6 месеци. Ова го засилува телото и имунитетот на бебето.