HiPP водата за бебиња е кристално чиста изворска вода, која ги задоволува посебните потреби на бебињата. Соодветна е за подготовка на храна која се меша со вода, како млечна формула, млечни житни каши или чаеви или едноставно за разредување на бебешки сокчиња или за пиење. Особено е погодна кога нема достапна вода за пиење во потребен квалитет или тој е непознат(при патувања).
Доењето е најдоброто за вашето бебе, бидејќи мајчиното млеко го обезбедува бебето со сите важни хранливи состојки. Дополнително, доењето е најевтин начин да го храните вашето бебе, го заштитува бебето од инфекции и алергии и ја подржува врзката помеѓу мајката и детето. HiPP е убеден во користа од доењето како за мајката така и за детето и целосно го подржува доењето во согласност со препораките на СЗО.
Темата Мајчино млеко и Доење содржи информации за предностите на доењето и дава понатамошни совети за доење. Раното и често доење го потикнува производството на млеко. Балансираната исхрана за време на бременост и во периодот на лактација го промовира доењето.
Доколку одлучите да не доите или да комбинирате доење и хранење со шише, треба да сте свесни дека ова може да ја намали количината на мајчино млеко. Штом еднаш донесете одлука да запрете со доење, тешко е да се вратите назад.
Доколку размислувате да користите млечна формула, консултирајте се со вашиот педијатар или со патронажна сестра. Кога користите млечна формула, следете ги внимателно упатствата на пакувањето, бидејќи неправилната подготовка може да доведе до негативни последици по здравјето.