Едно дете се смета дека има ризик од појава на алергија кога еден од директните роднини (мајка, татко, брат или сестра) веќе има алергија поради тоа што тенденцијата за алергија е наследна. Во моментов околу 20-30% од бебињата се засегнати од алергии. Алергиите може да се присутни во различни форми. Дали бебето всушност ќе развие алергија зависи од многу фактори. Еден од факторите е исхраната на бебето во првите месеци.
Протеинот во млекото игра одлучувачка улога во предизвикувањето на алергии.