Дополнителни мерки за претпазливост од алергија

HA формулите се значаен дел од мерките за претпазливост од појава на алергија. Но исто така може да се направи многу во средината на вашето бебе за да се намали ризикот од појава на алергии:

  • Избегнувајте пушење, особено во близина на вашето дете
  • Чувањето на кучиња, мачки или други влакнести животни го зголемува ризикот од појава на алергија
  • Избегнувајте голема влажност и редовно проветрувајте ги собите за да се спречи растот на мувлата