Мени

Хигиена

Шишињата и цуцлите мора да се темелно исплакнати после секој оброк и да се стерилизираат.

  1. После секој оброк, исчистете ги шишињата и приборот со четка.

  2. Измијте ја цуцлата, протријте ја со сол и измијте ја повторно

  3. Гумените цуцли повремено треба да се превриваат (не е задолжително за силиконските цуцли).

  4. До следното користење, чувајте ги во чиста крпа или во затворен сад. Редовно проверувајте ја состојбата на цуцлите. Гумените цуцли може да станат порозни. Трагите од гризење и гребнатините на силиконските цуцли се знак за оштетување. Од безбедносни причини таквите цуцли веднаш треба да се променат. Ве молиме не ги стерилизирајте мерните лажички за млечна формула и не ги мијте во машина за садови.

  5. Доколку е неопходно, измијте ја рачно лажичката и исушете ја добро. Оштетените мерни лажички не треба повеќе да се користат.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма