Мени

Специјална Формула

Кога треба да се дава HiPP Анти Рефлукс Органска Специјална формула?

Многу бебиња враќаат малку храна по оброкот. Ова е сосема нормално и не треба да биде причина за грижа, се додека вашето бебе е среќно и расте и напредува. 

Доколку вашето бебе продолжи да подригнува и повраќа, а вие сте загрижени за напредокот на вашето дете, ве молиме контактирајте го вашиот педијатар. Педијатарот ќе одлучи дали вашето дете има потреба од специјална формула, како што е HiPP Анти-рефлукс Органска специјална формула.

HiPP Анти-рефлукс Органската специјална формула содржи природен рогач. Овој природен згуснувач ја прави формулата особено густа и придонесува подобро да се задржи во желудникот. На тој начин се намалува рефлуксот во хранопроводот (анти-рефлукс)

Во принцип, специјалните формули треба да се даваат само под медицински надзор.

 

Дали HiPP Специјалната формула е соодветна за деца со ризик од развој на алергии?

HiPP Анти-рефлукс Органската формула работи на следниот начин.

Содржи еден непроменет протеин и поради тоа не треба да се дава на бебиња кои се со ризик да развијат алергија во текот на првата година од животот. Според официјалните препораки, бебињата кои се со ризик да развијат алергии треба да се хранат само со мајчино млеко и/или со млечна формула со хидролизирани ( разделени) протеини.

Ве молиме разговарајте со вашиот педијатар во врска со ситуацијата и со постапките коие треба да ги направите.

 

Моето бебе повраќа: Која формула ќе ми ја препорачате?

Доколку вашето дете има дигестивни проблеми и често повраќа, тогаш треба да му се обратите на вашиот педијатар да разговарате за тоа. Педијатарот најмногу го познава вашето бебе и најдобро може да процени која формула е најдобра за вашето дете. Вообичаено дигестивните симптоми се проблем кој прво се третира, но за тоа секако мора индивидуално да се процени.

 

Може ли да комбинирам HiPP специајлна формула со HiPP почетна формула?

Во принцип, возможно е да се комбинираат HiPP специјалните формули со HiPP почетните формули. Вашиот педијатар треба да одлучи дали ова има смисла и да ви даде препорака.

Треба да се земе во предвид дека намалување на тегобите како што се често повраќање може да се постигне благодарение на специјализираниот состав на формулите. На детето кое често повраќа може да му се помогне со особено густа и кремаста HiPP Анти-рефлукс Органска специјална формула која го намалува рефлуксот на храната во хранопроводот. Ако користите нормална формула за следното хранење, тогаш нема да го добиете посакуваниот ефект.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма