Витамин D е единствениот витамин кој нашето тело само по себе може да го произведе во нашата кожа. За да може да произведе витамин D, кожата мора да биде изложена на сончева светлина. Оттука доаѓа и името “сончев витамин“.
Околу 80-90% од потребната количина витамин D нормално се произведува од кожата. Само 10-20% се обезбедува преку храна.
Сепак, особено во зима UVB зраците во нашите географски ширини не се доволно силни, и витаминот D или не се произведува, или пак е само во минимални дози. Покрај тоа, помалку сме надвор и сме подебело облечени. Кај малите деца кои летно време се заштитени со висок заштитен фактор (> SPF 15), депото на витамин D не е соодветно исполнето. Со текот на времето можно е се повеќе и повеќе да се намалува нивото на витамин D. Витаминот D е исто така важен и за возрасните. Во храната, често нема доволно количини на витамин D, и како и кај децата, нивото на витамин D се намалива во текот на зимата. Германското друштво на нутриционисти проценува дека отприлика 60% од населението е со недостаток на на витамин D.3