Истражувачка група за мајчино млеко

После раѓање, се поставуваат темелите за здрав живот. Исхраната игра одлучувачка улога. Мајчиното млеко е најдобро за развојот на бебето и со својот уникатен состав обезбедува оптимална заштита од алергии и болести.

За да можат децата кои не се доени да добијат најдобра можна исхрана, ние во HiPP произведуваме почетни млечни формули со надобар квалитет-со најнови научни сознанија и моделирани колку што е можно најблиску до мајчиното млеко!

HiPP-овата истражувачка група за мајчино млеко го испитува составот на мајчиното млеко и неговите позитивни ефекти врз здравјето на бебињата со години. Интернационални експерти, во полето за исхрана на новородени, дискутираат со нутриционистите на HiPP за најновите откритија од истражувањата врз мајчиното млеко и можностите од нивно земање во предвид за понатамошно развивање на производите.

Веќе од 2007, во рамките на ова истражување комбинацијата од млечни диететски влакна и природни млечно кисели култури како што се најдени во мајчиното млеко бешеодлучено како идеално решение за идниот развој на млечните формули.

Во две клинички студии, кои  беа презентирани пред интернационална професионална публика во 2010 и на почетокот на 2011, беше импресивно демострирано кои придобивки новите млечни формули, кои се слични на мајчиното млеко, би ги имале за не-доени бебиња.

Денес, со новите почетни млечни формули, HiPP е првиот бренд кој му дава на мајките можност да ги снабдат своите бебиња со важните диететски влакна(ГОС*), природни млечно кисели култури и важни Омега-3 масни киселини, и после доење.

*Галактоолигосахариди-добиени од лактоза