Станете шампион во доење чекор-по-чекор

Доењето е најприродна исхрана за Вашето дете. Но, исто како и правилните техники за дишење за време на пороѓај, доењето треба да се научи. Ако сте несигурни за доењето, најдобро е дома да Ве посети патронажна сестра, која ви следува како дел од здравствените услуги.

Патронажните сестри се специјално обучени да ви помогнат со доење.

  • Доете го Вашето бебе секогаш кога е гладно. Тоа праќа сигнал до Вашите млечни жлезди да создаваат уште млеко. На овој начин, количината на млеко се прилагодува на потребите на детето
  • Најдете удобно и тивко место каде ќе можете да доите без да Ве вознемируваат
  • Главата на бебето треба да биде во внатрешноста на свитканиот лакт, а телото на подлактицата. Со раката држете го за газето. Со слободната рака фатете ја градата со палецот над ареолата, а другите прсти под неа. Водете го бебети кон градата и внимавајте носето секогаш да е слободно.
  • Точно прилепување е многу важно: допирајте му ги усните на бебето со брадавицата, додека не ја отвори устата. Внимавајте Вашето бебе да не само ја цица брадавицата, може лесно да ја разрани. Устата на бебето треба да ја опфати скоро цела ареола додека пие. Само на тој начин бебето ќе пие правилно а Вашите брадавици нема да се разранат.
  • Секогаш дозволете прво да ја испразни едната града: ако е скоро празна, масната содржина на млекото се зголемува. Ова млеко богато со калории , освен што снабдува со важни масни киселини, исто така и го заситува бебето. Секогаш нудете ја после другата града и дозволете му да пие додека само не прекине. Наредниот подој започнете го со таа града што ја понудивте втора. Ова е добро за создавање на млеко.
  • За да го тргнете бебето од градата, најдобро е да го протнете малиот прст во крајот на устата за да го прекинете вакуумот. После тоа лесно можете да го одделите од градата.
  • Не се обесхрабрувајте ако доењето не е успешно од почеток. Вие со Вашето бебе сте уникатен тим и како секој тим можеби Ви треба тренирање пред да сте во топ форма. Дајте си време себеси и на Вашето тело и останете смирени. Вашата патронажна сестра со задоволство ќе Ви даде совети и поддршка. За повеќе совети, погледнете го нашето видео за доење.