Мени

HiPP Eco-Comfort-Pack пакување

Кога е во прашање подготовката на млечната формула за вашето бебе, времето е од суштинско значење. 

Благодарение на HiPP Eco-Comfort-Pack пакувањето, подготовката е сега уште полесна и вашето малечко нема да треба да ја чека долго млечната формула. При создавањето на новото пакување не внимававме само на лесното ракување, туку исто така се грижевме и за природата.

Ние знаеме дека вие како мајка секогаш имате полни раце работа. Затоа сите делови од пакувањето се дизајнирани да може да се користат само со една рака. На овој начин можете да ја подготвите млечната формула со една рака, додека во другата рака го држите вашето бебе. Сите предности на новото пакување кои се гледаат на прв поглед:

  1. Капак кој се отвора – лесен за отворање и затворање со една рака.
  2. Вграден раб за лесно и брзо отстранување на вишокот прав
  3. Држач за мерилка
  4. Лесно за отворање со хартиена трака

 

 

...и повеќе еколошки


HiPP верува во оддржливоста. Со Eco-Comfort-Pack пакувањето, дополнително допринесуваме за заштита на околината. Поради тоа во многу од пакувањата од млечните формули има само една кесичка, со што се намалува емисијата на CO2, и истовремено ракувањето го прави полесно.

Освен тоа, мастилата кои се користат за печатење се од растително потекло. Картонот кој се користи е FSC-сертифициран (Forest Stewardship Council), и исто така го покажува нашиот одговорен однос кон природата бидејќи се заложува за одржливо управување со шумите за доброто на сегашните и генерациите кои доаѓаат.

Сите делови од пакувањето, може одделно да се рециклираат.

Дознајте повеќе за оддржливоста на HiPP