Мени

HiPP Специјални формули – за осетливи стомачиња

Кај многу од бебињата повремено се појавуваат проблеми со стомачињата како грчеви и запек, а некои бебиња често го враќаат млекото при подригнување. Тоа е сосема нормално и нема причина за загриженост! Но, некои бебиња имаат постојано грчеви и запек или пак повраќаат многу повеќе од вообичаено.

Во овие случаи, можат да помогнат специјалните формули кои по својот состав се точно прилагодени според посебните барања на овие бебиња. 

Вашиот педијатар ќе ве посоветува која специјална формула е соодветна за Вашето бебе. Специјалните формули се даваат само под медицински надзор.