7 дена неделно внесувајте витамин Д

Децата не добиваат доволно витамин Д најмалку 7 месеци од годината...

Вашето дете го открива светот околу себе и станува се повеќе активно. Витаминот Д е особено важен за здрав развој на детето, бидејќи има клучна улога во метаболизмот на коските и го подржува здравиот развој на коските.

Меѓутоа, најновите студии покажуваат дека децата и тинејџерите во нашите региони не добиваат доволни количини на витамин Д.*

Кога би биле доволни само 7 сончеви зраци годишно...

Витаминот Д е единствениот витамин кој нашето тело може да го произведе во самата кожа. Меѓутоа, за да може да се произведе витаминот Д, нашата кожа мора да биде изложена на сончева светлина, што не е секогаш возмпжно, особено во текот на зимските месеци. Поради тоа, заедно со мајчиното млеко/или адаптираната формула доенчето добива профилактично витамин Д во капки. Витаминот Д останува важен фактор за здрав развој во сите фази на детскиот раст.

Дури ни 7 јајца дневно не се доволно...

За жал многу мал број на храни содржат значителни количини на витамин Д. Токму поради тоа HiPP 3 Junior Combiotic® e посебно збогатен со витамин Д со цел да се обезбеди најдобар можен извор на витамин Д. Тешко е да се задоволат дневните потреби на малите деца за витамин Д само преку исхрана.

Теоретски потребни количини на храна:

(без изложување на сонце)

Што е важно за развој на силни коски?

За развој на јаки коски важно е да се конзумира храна која е богата со витамин Д и калциум: пр. спанаќ или брокула за снабдување со калциум или масна риба за снабдување со витамин Д.

Вежбање и создавање на мускули: на пр. за деца преку гимнастика. За изградба на здрави коски, покрај правилна исхрана,многу е важно како вежбањето така и мускулната маса.

Играње на отворено: пр. игри кои се играат на отворено како што се скокање, трчање или игри со топка. Играњето надвор на сонце и свеж воздух, не претставува само забава за децата туку и поволно влијае на развојот на коските. Секогаш внимавајте вашето дете да е правилно заштитено при изложување на сонце.

*Извор: VELS study, KiGGS study, GRETA study