До 3-от роденеден...
... Вашето дете ќе ја удвои својата родилна висина.
И секако, неговите моторички и ментални способности истовремено ќе се развиваат со неверојатно темпо.
... Вашето дете ќе ја удвои својата родилна висина.
И секако, неговите моторички и ментални способности истовремено ќе се развиваат со неверојатно темпо.
Некои хранливи материи се особено важни за да може правилно да се развива вашето дете во согласност со возраста. Малите деца и тинејџерите додека растат треба да изградат голема количина на коскено ткиво и на тој начин да обезбедат јаки коски.
... се што ќе изедеме во првите 3 години од животот ќе влијае на нашето здравје подоцна во животот.
... особено се важни калциумот и витаминот Д. Калциумот е важна градивна материја за коските. Витаминот Д е неопходен за нормален развој на коските и забите и влијае на имуниот систем.
Малите деца е неопходно да имаат соодветен внес на калциум и витамин Д. Просечната потреба по килограм телесна тежина е значајно поголема кај малите деца отколку кај возрасните: децата имаат потреба од 7 пати повеќе витамин Д по kg телесна тежина и 3 пати повеќе калциум!
Имуниот систем треба да го заштити вашето дете, бидејќи се повеќе го истражува светот околу себе и доаѓа во контакт со околината. До третата година имуниот систем на детето не е целосно развиен.
Исхраната која е прилагодена според возраста на детето покрај веќе познатиот витамин Д, мора да ги содржи и витамините А и Ц, за подржување на имуниот систем.