Мени

Време за галење со бебето

За бебињата, физичкиот контакт е многу важен. На вашето бебе буквално никогаш не му е доста од галење со вас. Но зошто е толку важен физичкиот контакт? 

Галењето дава сигурност

Особено на почетокот, кога бебињата се многу мали за да разберат што им се зборува, физичкиот контакт е совршен начин да им дадете чувство за сигурност, љубов и топлина. На овој начин бебињата осеќаат дека некој се грижи за нив и учат дека родителите се тука за нив и дека се грижат за нивните потреби.

Галењето има смирувачки ефект

Телесниот контакт често прави чуда за вашето бебе. Особено контактот “кожа на кожа” влијае смирувачки на вашето бебе. Дури и најмал допир, како што е допирање на мешето додека менувате пелена, му дава на детето чувство на сигурност. Бебето се чувствува најсмирено кога мајката го легнува на своите голи гради, бидејќи тогаш бебето ги осеќа отчукувањата на срцето на мајката кои му се познати од времето кога било во мајчиниот стомак.

Галењето ја зајакнува врската родител – дете

Физичкиот контакт уште од самиот почеток позитивно влијае на врската помеѓу родителот и детето. Галењето и гушкањето во семејството дава чувство за единство и му помага на бебето да разбере, дека Мама и Тато претставуваат една целина.