Мени

Препораки за изложување на сонце

За поголема сигурност, следете ги овие препораки*:

1. Бебињата и малите деца не треба да се изложуваат на директна сончева светлина посебно во првата година од животот.

2. Избегнувајте излегување на сонце во пладневните часови ( помеѓу 11 и 15 часот)

3. Облекувајте се соодветно (со UV заштита)

  • Шапка за сонце (со заштита на вратот)
  • Долги тенки панталони
  • Широка маичка со долги ракави
  • Чевли или бебешки чорапи
  • Очила за сонце кога детето е доволно пораснато

4. Пред излегување надвор, нанесете крем за заштита од сонце на сите незаштитени делови од телото на детето, како на пример задната страна на рацете, лицето и вратот.

5. Останете што е можно подолго под чадор за сонце или тенди.

Потребно е да знаете дека изгорениците од сонце ќе ги забележите откако штетата е веќе направена. Со овие препораки, вие и вашето дете ќе бидете сигурни! Овие препораки можете да ги примените не само кога сте на одмор и на плажа, туку секогаш кога времето е сончево.

Добро е да се знае:

Сонцето има и свои предности. Вежбање и поминување време на отворено е многу важно за здравјето. Сонцето и сончевата светлина придонесуваат за тоа да се чувствуваме подобро. Вашите деца исто така ќе се чувствуваат подобро – кога е времето сончево, тие се посреќни и имаат повеќе енергија.