HiPP Македонија изгради нов парк за децата од градинката „Наум Наумовски Борче“

Малечките се наша постојана инспирација, за нив создаваме нови, повкусни и похранливи органски рецепти, подобрени млечни формули и производи за нега кои целосно се прилагодуваат на променливиот животен стил.

Но, овој пат инспирација побаравме во нивната гласна смеа и безгрижна детска игра која недостасуваше годинава. Со цел да ја потенцираме важноста на слободните активности на отворено кои се клучни за нормалниот развој на децата, одлучивме да изградиме катче во кое можат да бидат комплетно свои и слободни.

Благодарност до Општина Центар за поддршката и можноста да го уредиме надворешниот простор на градинката „Наум Наумовски Борче“. Децата кои престојуваат во градинката, отсега, топлите и убави денови ќе ги поминуваат играјќи си на новата подлога и  новите реквизити.

Општествената одговорност отсекогаш бил носечки принцип во работењето на HiPP Македонија, а со оваа донација уште еднаш сакавме да укажеме на важноста која ја имаат најмалите за нас. Нивното исполнето и среќно секојдневие подразбира просперитет и за нас како компанија, но и за целото општество.