Општи услови за користење на нашите веб услуги

Драги посетители на нашата страна,

На следната страна, ќе најдете специфични услови за користење на понудите и функциите на нашата страна. Ќе ни биде задоволство ако ја искористите можноста да не контактирате и да останете во контакт со нас. Ве молиме обратете внимание на следниве регулации кога ги користите нашите услуги. Доколку сакате да се информирате за безбедното ракување со вашите лични податоци, можете да ја прочитате нашата политика на приватност овде.

1. Општи услови

Следниве услови за користење се однесуваат на употреба на претплатата за весник, HiPP Бебе клуб, натпревари, сите форми за контакт и за онлајн продавницата на hipp.com.mk. Овие услови се подложни на промени од операторот, HiPP групацијата на компании, во секое време.

Корисниците ќе бидат информирани за моменталната верзија на општите услови за користење на веб страната  и потоа ќе имаат право да приговараат во рок од две недели после известувањето за промените во Бебе клубот. Во овој случај, сите лични податоци на корисникот кој приговара и сите податоци за влез кои припаѓаат кон тој корисник, автоматски ќе бидат избришани. Додатно, операторот ќе ги информира корисниците за ова право на приговор и двонеделниот рок, во случај на промени. Никакви други права, посебно побарувања за штети од било кој вид, нема да произлезат за корисникот. После регистрација, и со секоја последователна употреба, корисникот ја прифаќа во целост моменталната верзија на овие општи успови за користење.

2. Посебни регулации за натпревари

Учество во разните натпревари е можно само за возрасни корисници. Нема законска обврска за одржување на натпреварите; нема опција за претворање на наградата во кеш, освен ако не е поинаку напоменато. Вработени во HiPP групацијата на компании и нивните роднини немаат дозвола да учествуваат. Доколку натпреварот се одржува со партнер за соработка, тогаш исто така и  вработените во партнерската компанија и нивните роднини се исклучени од можноста за учество. Внесените податоци не се продаваат или позајмуваат на трети лица, или на друг начин пренасочени од нивната наменета употреба.