Мени

HiPP Органски квалитет

Органско – најдобро за Вашето бебе

Се ова е за малечка личност со екстремно осетлив мал организам. Точно за таква намена треба да е органската храна: на бебињата им треба здрава храна која има убав вкус и не содржи несакани состојки. HiPP го сфати тоа пред 50 години и од тогаш произведува органска храна со највисок квалитет. Почвата е внимателно избрана, семињата не се третираат, овошјето и зеленчукот зреат природно и го развиваат нивниот вкус. Органското месо за HiPP мениата се произедува со иста грижа.

260 контроли за Вашата безбедност

Уште построги, уште поточни и уште поверодостојни: родителите можат апсолутно да му веруваат на HiPP органскиот печат. Состојките на секоја тегличка поминуваат низ повеќе од 260 тестови (и од независни контролни институти) со цел да гарантираат за високиот квалитет. Со ова HiPP ги надминува дури и интернационалните законски барања за органско земјоделие. Ова се однесува на се од житарки до грашок и од млеко до јаболка. Експертите на HiPP работат блиску со органски фармери, почнувајќи рано од изборот на почва и семиња но и за време на садење и жнеење. Се до испорака: само кога лабораториските тестови ќе покажат дека производите се беспрекорни, суровите производи се испраќаат на преработка. Резултатот од сите овие процеси е висококвалитетна  органска храна за бебиња, строго контролирана за остатоци. „Лично гарантирам за ова”, Клаус Хип ве уверува во неговиот органски печат-а нашето строго контролирање подразбира дека родителите можат безусловно да веруваат во ова ветување.