Мени
  • Интервју за HiPP органскиот печат

    Трендот на насочување кон органско производство е во постојан раст. Но дали е органската храна навистина гаранција за здрава исхрана? Од чоколади до чипс-денес се е дозволено да биде наречено органски производ доколку ги исполнува законските критериуми.

    Проф. Др. Клаус Хип имаше ефект врз органското земјоделство во Германија како никој друг. Тој би сакал детално да ви ја објасни разликата меѓу стандардно органско производство и Органскиот квалитет на HiPP.

Поседувате сопствен органски печат. Зошто?

C. Hipp: Како прво, доаѓа од долга и стара традиција. Уште пред 50 години имавме започнато да практикуваме органско земјоделство. Во тоа време органското земјоделство не беше голема тема. Одевме спротивно на сите и промовиравме органско земјоделство со потполна убеденост. На тој начин поставивме нови стандарди во квалитетот на бебешката храна. Таквите политики на квалитет се применуваат во изборот на почва, засадување и обработка и се присутни во секоја HiPP органска тегличка.

Но логото за органски продукти на ЕУ исто претставува квалитет, зар не?

C. Hipp: Секако. Регулативата за органско земјоделство на ЕУ е добра работа. Забранува употреба на хемиски и синтетски спрејови и ѓубрива, генетско инженерство кај растенија, вештачки бои и конзерванси и додавање на вкусови и појачувачи на вкус.

Дали е сепак неопходно да се користи додатен органски печат?

C. Hipp: Апсолутно. Стандардното органско лого е добро и важно. Сепак, не ги покрива контролите на квалитет на органските производи откако ќе пораснат. Загадувачите во воздухот, во почвата или од соседни полиња можат да ја контаминираат овошката, зеленчукот или житарката која е засадена. Соодветно, регултивите дозволуваат многу мала количина на пестициди во бебешката храна. Не е така во HiPP. Ние се стремиме кон многу пониски вредности од оние што ги бара законот: тоа значи дека не дозволуваме резидуи и затоа спроведуваме тестови за квалитет на највисоко технолошко ниво. Само совршени органски добра се полнат во тегличка и го добиваат органскиот печат.

Хип органскиот печат претставува највисок стандард за чистота. Како е можно да се постигне тоа денес?

C. Hipp: Најпрво земаме примерок од почвата за да се утврди дали одредено поле е соодветно. Веќе со години ги имаме превземено најсоодветните локации за култивирање за нашите различни видови зеленчук. Низ многу декади стекнавме посебно знаење за како да ротираме култури. Исто така ги поддржуваме органските фармери за време на култувација и работиме блиску со нив. Потоа, при доставата ги прифаќаме само производите кои ги исполниле строгите Хипови барања за чистота според нашите лабораториски тестови.

Колку далеку одат тестовите на контрола на штетни супстанции?

C. Hipp: Тестираме повеќе од 1000 штетни супстанции, што е значително повеќе од она што се бара законски. Она што го купувате во нашите теглички поминало низ повеќе од 260 тестови. Дефинитивно сме построги од што налага законот. Со нашата осетлива мерна технологија можеме да детектираме едно зрно сол во 25м пливачки базен. HiPP доброволно воведе екстремно строги граници во врска со сите моментално познати штетни супстанции и онечистувања. Сепак, вреден придонес кон чистотата доаѓа, се разбира од органските фармери: добро ја знаат нашата некомпромитирачка позиција со децении. Заедно сме посветени на обезбедување на највисок квалитет. И тоа од самиот почеток.