Мени

Одгледување на овошје

HiPP органско овошје: нашето најдобро за вашето бебе

Нашето органско овошје доаѓа од нашиот избор од земјоделски локации. Тие се строго контролирани од цветање до времето на берба и зреат природно без хемикалии. Контролата на штетници се спроведува според законските регулативи за органско култивирање.

Со штетниците се справуваме природно, на пример со зачувување и помагање на нивните природни непријатели како птици и буба-мари. Употребуваме хербални екстракти за борба со габични инфекции, на пример. Сите овие методи се одраз на нашата филозофија: природа, не хемикалии.

HiPP органски банани-природни од дрвото кон теглата

Нашите органски банани ги набавуваме од Костарика со декади. Нашите банани се берени сред џунгла од бројни мали фарми. На овој начин помагаме да се спречи осиромашување на шумите - важен елемент во интерес на луѓето и природата.