Известување во врска со коронавирус и Ковид-19

Pfaffenhofen, Март 2020

Брзото глобално ширење на корона вирусот предизвикува голема неизвесност кај родителите и потрошувачите.

За нашата компанија HiPP, најголем приоритет е  заштитата на нашите мали корисници и нашите потрошувачи а исто така и заштитата на нашите вработени.

Покрај оваа голема одговорност, ние многу внимателно ги следиме ефектите на новиот корона вирус и веднаш ќе Ве информираме за секој нов аспект што би влијаел на нашите HiPP производи.

Дали HiPP производите се безбедни?

Да, HiPP производите се безбедни.

Нашата храна за бебиња и новороденчиња е во согласност со најстрогите хигиенски услови, кои ги обезбедуваме преку сеопфатни мерки во текот на производството.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕFSA) исто така уверува дека нема докази дека вирусот може да се пренесе преку храна. Линк до изјавата

За Вас како родители:

Секогаш следете ги општите препораки за секојдневна хигиена кога подготвувате и чувате млечните формули и оброци за Вашето дете.

  1. Измијте ги рацете темелно пред да го подготвите оброкот и пред хранењето.
  2. Подгответе ги оброците свежи, непосредно пред хранењето.
  3. Чувајте ги производите според упатствата назначени на пакувањето.

Дали вирусот може да се пренесе преку пакувањата или други површини?

Пренесувањето на вирусите преку таканаречените "неживи" површини се уште не е познато. Инфицирањето преку површини како што се увезени производи, пошта или багаж, во моментов се смета дека има мала веројатност.

Многу е поважно како најдобра заштитна мерка да се земе темелното миење на рацете, како што е препорачано од СЗО.

Редовното и темелно миење на рацете е важен дел од личната хигиена и може да заштити од најразлични инфекции.

Каде може да се информирам како потрошувач?

Нашите национални власти, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и СЗО даваат детални и разбирливи информации на нивните web страници:

EDEC

WHO

Дали може да се појави недостиг на снабдување во трговијата?

Како производител на храна за деца имаме посебна одговорност во овој момент. Не се работи само за обезбедување на храна за бебиња со HiPP органски квалитет. Исто така е важно да се обезбеди снабдување на нашите мали потрошувачи со HiPP производи на
сите наши пазари во овој период на зголемена потрошувачка.

Во моментов, ние сме во состојба да ја задоволиме побарувачката на пазарот за млечни формули и дополнителна исхрана. Сепак, преземавме целокупен пакет мерки со кој сме добро позиционирани доколку има дополнителна побарувачка. За таа цел, ние меѓу
другото, ги зголемивме и нашите производни количини.

Храната за бебиња веќе не е достапна во продавниците - што можам да направам?

Доколку има недостиг на  производи на полиците во Вашиот регион поради набавки на залихи, Ве молиме останете мирни. Континуирано испорачуваме производи на HiPP во доволни количини во трговијата. Искуството покажува дека полиците ќе се наполнат за неколку дена.

Што презема HiPP за да обезбеди снабдување со храна за деца во нашата земја?

Поради динамичниот развој на ситуацијата, ја разгледуваме оваа точка секојдневно и можеме да Ве увериме за тековниот статус: во моментов редовно ги испорачаме сите нарачки.

Какви последици има појавата на корона вирусот во светот има врз HiPP?

Од она што сега го гледаме како секојдневна ситуација, мерките преземени од меѓународните органи на пример во Италија или Австрија немаат никакво влијание врз нашето производство и капацитет на испорака.
HiPP генерално ги обезбедува своите дистрибутери на најдобар можен начин. Сепак, немаме влијание врз однсувањето на надлежните органи во однос на забрана на одредени растенија или затворањето на одредени региони. Затоа ситуацијата може да се промени во било кое време. Ние многу внимателно го следиме развојот на настаните во Германија и на меѓународен план и соодветно ќе ги прилагодиме нашите мерки.

Кои мерки за претпазливост ги презема HiPP за своите вработени?

Ние ја преземаме должноста за грижа и заштита на нашите вработени крајно сериозно. Од појавата на корона вирусот во Кина во 2019 година, постојано  и сеопфатно ги информираме нашите вработени. Со ова овозможуваме да се однесуваат правилно – и во рамките на компанијата и во приватниот живот.

Нашата грижа има три аспекти:

  1. Општа хигиена
    Ние ги интензивиравме сите хигиенски мерки и поставивме голем број на распрскувачи за дезинфекција на раце во сите згради.
  2. Информации и дијалог
    Секојденвно сме во контакт со нашите вработени и ги информираме за состојбата и ги мотивираме нашите колеги да ги земат предвид сите можни аспекти на самозаштита и во случај на сомнеж, да останат дома.
  3. Акции
    Секојдневно ја преиспитуваме состојбата и ќе донесеме одлука за се што е потребно за да ги заштитиме нашите вработени. На пример, сите службени должности ќе бидат прекинати до понатамошно известување.
    Нашите вработени се советуваат да одржуваат состаноци со надворешни партнери доколку е можно преку видео или телефонски конференции.
    Ако опсегот на нивните должности дозволува, ние им нудиме на нашите вработени можност да работат од дома.

Дали се одложуваат внатрешни или надворешни настани?

Ние ја преземаме должноста за грижа кон нашите вработени крајно сериозно и ја преиспитуваме ситуацијата секојдневно. Во моментов се воздржуваме од одржување на големи настани. Важните состаноци ако има можност се одржуваат преку телефон или Skype.