Филозофија на компанијата и етички менаџмент

Компанијата HiPP е синоним за совесно и внимателно справување со природата, човештвото и економијата преку 5 декади. Клас Хип секогаш лично гарантира за супериорниот квалитет на секој производ од неговата компанија.

Во последните години се зголемува дискусијата за општ пад на моралот на општеството. Ефектите од одлуките базирани на брз профит се зголемена причина за грижа во глобализираната економија. Лоши услови за работа, недостиг на општествена одговорност и непостоење на етика и морални вредности во бизнисот се исто почести теми.

Нашата компанија има силни корени во христијанската традиција и воведе интерен Етички менаџмент во 1999 со свесна намера активно да се спротистави на ваквите погрешни развивања.