Мени

Ехренсберг фарма

Ехренсберг фарма за биолошка разновидност

На одделната фарма Ехренсберг, HiPP пробува околински мерки за подобрување на биолошката разновидност. Целта е да се работи оваа органска фарма на одржлив и ефективен начин до 2015 како бизнис модел. Во иднина е наменето како модел за HiPP производители.

Сакаме да покажеме како одржливост и заштита на биодиверзитет може да биде вметнато во дневната рутина на фармата.

Целта е да се работи овој бизнис модел на одржлив и ефективен начин.

Во иднина е наменето како модел за HiPP производители.

Стари сорти, како оригинален Braunvieh добиток (само 500 се останати во Баварија), обезбедуваат генетска разновидност

Органска слама, брашно од камења, цврсто ѓубриво и други природни методи ја подобруваат плодноста на почвата

Нови живеалишта се создадени со шумски пасишта, редови дрва, жива ограда за заштита на диви животни (за загрозената птица-црвена сврачка), корења и цветни ленти на краевите на полињата и во ливадите.

План за одгледување на земјата и собирање на научни информации

Природните одлучувачки фактори за локацијата на фарми и земјишта создаваат прецизни предлози за подобрување на разновидноста на видовите и зачувување на природата. На овој проект работиме заедно со Bioland, Техничкиот Универзитет од Минхен и Хановер, како и баварскиот совет за заштита на птици.

Стари сорти на фармата

  • Skudde овци
    Appenzeller Spitzhauben кокошки

    Со цел да се зголеми разновидноста на видовите, ретки стари сорти си најдоа дом на фармата: оригинален Braunvieh добиток, од кој има останато само 500 животни во Баварија, Skudde овци (во моментот 1000 животни во Германија) и старата сорта кокошки Appenzeller Spitzhauben. 

Простор за живеење на загрозени видови на „Црвената листа“

  • Оригинален Braunvieh добиток

    Според црвената листа на загрозени фармски животни, оригиналниот Braunvieh добиток е „многу загрозен“. На Ехренсберг фармата, HiPP овиот модел проект за одржливо земјоделство, оваа сорта е чувана соодветно за видот. Оригиналнлиот Braunvieh добиток потекнува од таканаречениот Torfrind добиток, кој пасел покрај езерата на рабовите на Алпите пред 2000 години.

    Жаба со жолт стомак

    Заедно со Баварскиот совет за заштита на птиците (LBV), Ехренсберг фармата има спроведено неколку проекти на реинтродукција со цел да пресели животни како фазани, бувови, вид на жаба со жолт стомак и некои риби.

    Ретката црвена сврачка е важна hedgerow птица за потполен екосистем

    Птицата црвена сврачка е важен вид за потполен екосистем. Како резултат на интензивно земјоделство има помалку жива ограда и грмушки како природно живеалиште за птици. Веќе се наоѓа на листата на загрозени видови. Оваа ретка птица е позната по бодењето на своите жртви на трње. Се мисли дека секогаш собира девет инсекти пред да ги јаде. HiPP создаде ново живеалиште за црвената сврачка на Ехренсберг фармата и учениците поставиле грмушки(гранки и гранчиња) на краевите на полињата.  

Засолниште за загрозени животни

  • Хотел за инсекти и засолниште за песочен гуштер се направени за да го надохнадат недостатокот од природни домови за овие животни. Кутии со гнезда исто се поставени на фармата, бидејќи има недостаток на природни дупки за бувови, сколовранци, house martins птици, врапчиња, соколи и лилјаци.

    Овие кутии со гнезда направени од природни логови им обезбедуваат на соколите и бувовите место за парење. Денес, за жал, вообичаено се чистат мртвите гранки (природни места за гнезда на птици). Затоа кутиите за гнезда се нудат како алтернатива. 

    Многу луѓе можат да живеат без мед, но не без пчели. Инсектите не само што ни прават благ намаз за леб, најважно од се опрашуваат цвеќиња. Со тоа го обезбедуваат постоењето на растенија и овозможуваат добри култури за фармерите. Без овие животни, овошната жетва би била во опасност. Кога пчелите умираат или се болни, ни влијае на сите. Затоа HiPP исто така е вклучен во зачувување на природните живеалишта за пчели со проекти за биодиверзитет. Ехренсберг фармата сега е дом и на шест колонии на пчели, основани како реакција на драматичниот колапс на популацијата на пчели. 

Создавање нови екосистеми

  • Нови екосистеми како редови дрва, заштитни живи огради(за црвената сврачка), огради од мртви дрва, корења и ленти од цвеќиња на краевите на полињата и на ливадите беа создадени за да обезбедат живеалиште за рептили, птици, мали цицачи и инсекти. Принципот на ограда од мртви дрва не е да се создадат нови живи огради со садење, туку со ветер и летање на семињата. Гранки, гранчиња и стапчиња се редат во лабав ѕид, кој исто така ги штити растенијата кои растат.  Предностите на такви конструкции се од една страна ниски трошоци за конструкција и од друга страна лабаво наредените мртви дрва нудат дом на бројни ретки видови.

    При конвенционалното земјоделие, полињата и ливадите се садат веднаш до рабовите на шумите, за поголем принос. За да се поддрже биодиверзитет и одржливост, ние садиме диви живи огради со мртво дрво и нативни диви цвеќиња. Со тоа се обезбедува на животните место каде да живеат, се нуди на добитокот заштита од ветрот и се намалува ерозија на почвата.

    Три елементи на одржливо земјоделие на Ехренсберг фармата: античка сорта на пасиштето, рабовите на полето засадени со мртви дрва и природно засолниште за животните во европска букова шума. 

Подобрување на квалитет на почвата

Во врска со подобрување на плодноста на почвата, разни методи се испробани, на пр. брашно од камења да врзе амоњак, оплодување со цврсто ѓубриво и други природни методи. Исто така се спроведуваат мерки за грижа за здравјето на животните, како ефикасни микро-организми или органска слама како ѓубре.