Мени

Природно одгледување на банани во Костарика

Бананите кои се користат од HiPP доаѓаат од далечен HiPP проект во Костарика, каде приближно 1000 мали фармери во авотномната провинција Таламанка, одгледуваат банани за HiPP, не на плантажи, него директвно во џунглата и без воопшто да употребуваат пестициди.

Оригиналното одгледување од домородното население ја остава џунглата во својата природна состојба и нема потреба вештачки да се поставуваат плантажи. Растенијата стојат самостално далеку од соседното, за ширење на болести или габични инфекции се избегне со отстранување на заразеното растение и никогаш не се користат пестициди. На овој начин, природната околина за растенија и животни е заштитена и зачувана.

Во овие услови, одличниот стар вид “Gros Michel” уште расти таму, кој големите плантажи веќе не можат да го одгледуваат. Gros Michel бананите се многу мирисни и имаат совршена содржина на шеќер за употреба во храна за бебиња.

Во минатите 20 години HiPP набавува банани од Костарика од овие природни зачувани локации во кои живеат две домородни племиња. HiPP спроведе  одлична општествена одговорност таму со давање на мали земјоделци долготрајни договори. Ваков сигурен извор на примања е голема предност за многу фамилијарни бизниси. Особено жените се водечката сила зад проектот на одгледување банани, од кој повеќе од 10000луѓе во регионот имаат корист директно или индиректно.