Мени

Заштита на климата и водите

Благодарение на HiPP органското одгледување 15,000 хектари почва и површинска вода се заштитени годишно од преку 4,000 тони вештачки ѓубрива и 5,000 кг пестициди.

HiPP органското производство штити од вештачки ѓубрива и пестициди годишно:

15,000 хектари почва =1.6 x простор на островот Силт

122.5 мил m³ од дождовна вода =4.9 x количината вода во езерото Titisee во Шварцвалд.

Употреба на обновливи извори

Соларните проекти на згради можат да се спроведат. Вкупно, површина од 316 m² беше опремена со соларни колектори.

Одржлива употреба на извори и заштита на биодиверзитетот се централни во нашиот менаџмент на одржливост.

HiPP има направено значителен придонес за заштита на климата уште пред политиката да ја формулира целта за намлување на CO2. Од 1995 го имаме префрлено вкупното снабдување со енергија за работа во Фафенхофен кон обновливи извори на енергија (зелена струја, биомаса, соларна енергија) и сега произведуваме CO2 неутрално. Повеќе од 90% од енергијата користена во Фафенхофен доаѓа од обновливи извори на енергија.

CO2 емисијата од останатите извори на енергија од фосилни горива (на пр. на деловни патувања) се компензира со светски климатски проекти.

Од 2001, вкупната топлина, топла вода и пареа потребна во HiPP фабриката е покриена со употреба на биомаса (дрвени материјали). За примерната употреба на обновливи енергии HiPP доби „Германска соларна награда“ во 2011.

Работиме со „зелена струја“ од хидроелектрани-без нуклеарна сила. Од 2000, 6 соларни проекти се спроведени, кои произведуваат вкупно 52,800 kWh/a од соларна енергија на колекторска површина од 436 m². Цел органски отпад оди во земјоделски објекти за биогас. Секоја година 2 мил kWh струја се генерира на овој начин. 

Вода како најважен ресурс во 21 век.

Исто така поставивме пионерски импулси за изворот на вода. Со цел да се зачува оваа богатство, HiPP употребува технички иновации за да ја намали употребата на вода за повеќе од две третини во последните три декади.