Мени

Одржливи производи ја обезбедуваат иднината на нашите деца

Здрава храна со хармонија со природата

Ние правиме „храна за живот“. HiPP е интернационален производител за бебешка храна. Како таков има – и прифаќа – посебна одговорност за еколошкото производство за здрава, со премиум квалитет бебешка храна. Се повеќе потрошувачи сакаат да знаат како е произведена нивната храна и од каде потекнува. Одржлива исхрана и одржлива потрошувачка добиваат се поголема важност.

HiPP Органски печат

Веќе повеќе од 50 години, HiPP се залага за органско земјоделство кое ги почитува природните циклуси, ја штити околината и е одржливо. Ова е гарантирано од HiPP органскиот печат и името Клаус Хип. Со нашиот висок критериум за квалитет ги надминуваме законските барања и поставуваме многу повисоки цели од оние предвидени со печатот на ЕУ за органска храна. Поради ова состојќите на секоја HiPP тегла поминуваат низ повеќе од 260 проверки. HiPP лабораторијата е една од водечките институции од тој тип во Европа.

Јаглеродна емисија

HiPP беше еден од првите Германски компании во прехрамбената индустрија кој пресметува испуштен јаглерод поврзан со производ како пример. Во иднина сакаме да идентификуваме важни еко-баланс податоци за сите наши производи за да им одговориме на прашањата на нашите потрошувачи колку CO2 испушта продукција на еден HiPP производ. 

Без генетски инженеринг на растенија

Нашето јасно „НЕ“ на генетски инженеринг на растенија е етичка посветеност. Драстично намалениот диверзитет на видови и типови предизвикано од генетски инженеринг и неговите драстични ефекти на биодиверзитет мора да се запрат. На ова гледаме како една од најважните обврски. Бидејќи ова е за ништо помалку од самата основа за живот. 

Транспарентно снабдување и вреднување на синџирите на производство

HiPP соработува блиску со своите произведувачи. Нашите цели можеме да ги постигнеме само доколку и добавувачите и партнерите делуваат одржливо. Поради ова, спроведуваме код на однесување и етички код како дел од договорите. Заедно со нашите партнери во синџирот на набавки се стремиме не само кон производство со супериорен квалитет, но и кон еколошки, социјални и економски стандарди. HiPP дава посебен акцент на развојот на посебна, долготрајна деловна врска базирана на доверба.