Мени

Одржливост во организацијата на компанијата

За HiPP, одржливост не е маркетинг трик. Повеќе од 50 години, посветени сме на органско земјоделство. Како компанија пионер имавме големо влијание врз стандардите за одржливост. Нашиот менаџмент за одржливост се фокусира на компанијата како целост како и комплетниот синџир за создавање на вредности. 

Исто така ги имплементиравме познатите HiPP стандарди со нашите добавувачи и производители за да се осигураме дека заштитата на околината и фер условите за работа се гарантирани.

 

Со нас, одржливоста е начин на менаџмент

Менаџмент на одржливост е вграден во нашиот компаниски менаџмент. Секој оддел од компанијата назначува одговорен агент за одржливост кој активно работи за развој и имплементација на целите.

 

Документација

Во извештајот за одржливост ги објавуваме сите важни компаниски бројки како и нашите годишни цели. Сите HiPP локации се сертифицирани според ISO 14001 стандарди. Фафенхофен беше прв во 1997 и е валидиран според  EMAS (Еко менаџмент и инспекција од Европската заедница).

Награди (селектирани)

1997 „Еко-менаџер на годината“ од Капитал и WWF
2000 „Бизнис награда на Милениумот“ од UNEP и ICC
2002 „Енергетски глобус“ за еден од најдобрите 50 светски енергетски концепти
2003 „Германска награда за извештај на околината“
2008 „CRS Награда за мобилност“ за примерен менаџмент на патување
2009 „Бренд на векот“
2009 „Германска награда за одржливост“ во „купувачка„ категорија
2009 „Златно цвеќе од Rheydt“ – награда за заштита на околината
2010 „Про Биокултура“
2010 „Steiger награда“ за исклучителен менаџмент на околината
2010 „Претприемач на Годината“
2011 „Почитуван трговец“
2011 „Германска Соларна Награда“

 

Соработки

Себе се гледаме како организација која учи, вклучена во мрежа и блиско соработуваме со универзитети, научни институции и други партнери.