Мени

Еко-баланс влезови

Употреба на обновливи енергии

Повеќе од 80% од енергијата користена во седиштето во Фафенхофен доаѓа од обновливи извори. Од 2001, целата потреба за топлина, топла вода и пареа во фабриката на HiPP се покриени од биомаса(дрвени чипови). Струјата која се користи 100% доаѓа од CO2-неутрална „зелена струја“од хидроелектрани-без нуклеарна сила. Од 2000, 6 соларни проекти се реализирани, кои произведуваат вкупно 52,800 kWh/a од соларна енергија на колекторска површина од 436 m². Цел органски отпад оди во змејоделски биогас локации. Секоја година 2 милиони kWh струја се произведува на овој начин.

Со нашето органско земјоделство ја штитиме почвата и подземните води

HiPP е најголем преработувач на органски суровински материјали во светот. Повеќе од 6000 фармери во многу земји се вклучени во производството на органско овошје, органски зеленчук и органско месо за HiPP. 

Благодарение на HiPP органското земјоделство, 15.000 ha почва и подземни води се заштитени годишно од преку 4,000 тони на вештачки ѓубрива и 5,000 kg пестициди. 

HiPP органското производство штити од вештачки ѓубрива и пестициди во една година:

15,000 ha почва =1.6 x површина на островот Силт
122.5 милиони m³ дождовна вода = 4.9 x количина на вода во езерото Titisee во Црната Шума

Вода како најважен ресурс во 21 век.

Употреба на вода на тон производство е повеќе од преполовена во последните 30 години. HiPP штити вредни резерви на подземни води поради тоа!