За нас, да се биде многу повеќе од органско значи да се прави многу повеќе од барањата на Органскиот печат на ЕУ.

+ Повеќе од 60 години искуство во органско земјоделие

+ Грижа за животните во согласност со строгите HiPP упатства

+ Истражувања за зачувување на видовите и промовирање на биодиверзитет

+ Построги гранични вредности од тие пропишани со закон

+ Повеќе од 260 контроли на секоја тегличка

+ Климатско-неутрално производство на тегличките


= HiPP Органски печат

„Построг од барањата на ЕУ за органско земјоделие:

HiPP-органскиот печат означува одличен квалитет.

За ова гарантирам со моето име.

Поголема грижа за животните

Вака живеат HiPP органските говеда

Прочитајте повеќе

Поголема грижа за животните

HiPP ги чува своите клунови

Прочитајте повеќе

Поголема грижа за животните

Иницијатива “Одгледување на петлиња”

Прочитајте повеќе

Поголема грижа за животните

Среќни крави за нашето HiPP органско млеко

Прочитајте повеќе

Поголема грижа за животните

Риби од одржлив, MSC-сертифициран риболов

Прочитајте повеќе

Поголема грижа за животните

... бидејќи кај нас телињата остануваат подолго со мајките, а петлињата се оставаат да пораснат и да живеат.

На HiPP-органските фарми, животните се среќни. Одгледувањето и исхраната на животните се прилагодени на секој вид. Ова е основата на органското земјоделие. Законските прописи се особено строги: Храната мора да потекнува од органски фарми и не смее да содржи антибиотици, промотори на раст или генетски модифицирани суровини. Изборот на најсоодветните раси на животни, обезбедувањето на многу простор за движење, пространите штали и доволно светлина, исто така, придонесуваат за здравјето и доброто на животните.

HiPP дури ги надминува законските барања и има свои сопствени производствени упатства по кои мора да се раководат доставувачите на органски производи. Вработените во HiPP, редовно вршат теренски контроли, за да се осигураат дека се исполнети сите барања на HiPP, во однос на одгледувањето и заштитата на животните. Благодарение на оваа сеопфатна контрола на процесот, ние можеме да им гарантираме на нашите потрошувачи дека животните ги одгледуваме на начин кој е природен и соодветен за нивниот вид бидејќи благосостојбата на животните за нас е многу важна.

Поголем биодиверзитет и повеќе искуство:

Повеќе од 60 години HiPP одгледуваме органски зеленчук

Прочитајте повеќе

Поголем биодиверзитет и повеќе искуство:

Органски банани – нашиот Костарика проект

Прочитајте повеќе

Поголем биодиверзитет и повеќе искуство:

HiPP овошје од традиционални овоштарници

Прочитајте повеќе

Поголем биодиверзитет и повеќе искуство:

HiPP житарици – одгледувани со најголема грижа

Прочитајте повеќе

Поголем биодиверзитет и повеќе искуство

... бидејќи органското земјоделие, исто така,  промовира биодиверзитет.

Дали знаете дека само на здравите почви може да се произведе здрава храна?

За да може одредено поле да стане HiPP-органско поле, еден од нашите експерти го проверува квалитетот на почвата, земајки неколку примероци од полето кои ги анализира во нашите лаборатории. Само ако примероците ги исполнуваат нашите строги барања за квалитет, полето може да биде квалификувано како погодно за одгледување на HiPP-органски култури. Со избирање на отворени полиња, му дозволуваме на ветерот да ги оддува штетниците, а со садење на различни билки околу нашите полиња, им обезбедуваме природно живеалиште кое ќе им биде попривлечно од нашите полиња. 

Повеќе одржливост и поголема заштита на климата

... бидејќи здравите почви испуштаат помалку CO2 и бидејќи нашите теглички се произведуваат на климатско-неутрален начин.

Откријте ги HiPP-состојките

Од каде доаѓаат суровините за нашите HiPP- производи?

HiPP веќе со години истражува како може да се подобрат оддржливоста и биодиверзитетот. Сите наши органски суровини од целиот свет мора да бидат во согласност со строгите барања за квалитет. Пронајдете интересни информации и факти за нашите органски суровини во нашиот HiPP- пребарувач на состојки. 

Дознајте повеќе

Заедно можеме да направиме многу повеќе

Секој од нас може да направи чекор понатаму во органското. На пример:

  • да постави куќичка за птици во својот двор;
  • да посее семиња и да создаде шарена, цветна ливада;
  • да изгради сопствен хотел за инсекти.

На овој начин, помагаме во зачувување на живеалиштата на птиците и инсектите.