Одгледување прилагодено на видовите

За да бидат што послични со природните живеалишта и навики на животните.


Што е карактеристично за одгледувањето приспособено според видовите?

Штали приспособени според видовите и хранењето на живината се главните елементи на органското земјоделство.

Побарувањата кои мораат да бидат имплементирани се многу строги: сеното мора да се обезбедува од органски фарми и не смее да  содржи антибиотици, промотори на раст и генетски модифицирани суровини. Здравјето на животните е исто така овозможено со соодветен избор на стада, слобода на движење, големи штали и доволно светлина.

Вработените во HiPP прават редовни контроли за тоа дали одгледувачите се придржуваат кон побарувањата во однос на заштита на животните. Со овој целокупен процес на проверки, ние можеме да им гарантираме на нашите потрошувачи дека нашите штали се соодветни и прилагодени според видовите.

Органски добиток

Само органско сено за говедата и телињата

Говедата и телињата живеат на локални органски фарми и можат да пасат слободно надвор. Тоа ги прави покрупни и ја зголемува нивната природна отпорност.

Тие се совршенo здрави. Лековите за профилакса се строго забранети за употреба. Нашите животни се хранат исклучиво со органски зеленчук и сено.

Органски прасиња

HiPP употребува само продукти од животни за кои е докажано дека биле здрави и витални во текот на целиот нивни живот. Големината на свињарниците и околината за трчање се направени специфично според физиолошките потреби на свињите.

Органски кокoшки

HiPP органските кокошки се одгледуваат природно; може да се валкаат во песок и да колваат од почвата

Нашите органски кокошки доаѓаат од одржливи фарми за живинарство: тие можат да се движат слободно, да се капат во прашина и да колваат од почвата. Се хранат со органска храна за кокошки. Чувањето на живината се контролира редовно и соодветно се документира. На мисирките исто така им е дозволено да живеат природно без да им се сечат клуновите.