Одржливост во организацијата на компанијата
За HiPP одржливоста не е маркетинг трик. Повеќе од 50 години, ние сме посветени на органско земјоделство. Како пионери во областа, имавме големо влијание врз стандардите за одржливост. Нашето управување со одржливоста се фокусира на компанијата како целина, како и на целата верига за создавање на вредностите.
Ние исто така ги имплементиравме воспоставените HiPP стандарди врз нашите добавувачи и производители за да обезбедиме квалитет, заштита на животната средина и коректни социјални услови за работа.
Награди
2013 “Most Sustainable Company in Germany” – според WirtschaftsWoche анкета на потрошувачи
Потрошувачите (8400 учесници во анкетата) уште еднаш гласаа за HiPP како најодржлива компанија во Германија за 2013 год.
2013 “CSR Prize” од Германската Федерална Влада
HiPP ја освои оваа награда за својата извонредна посветеност во областа на животната средина и заедницата, управувањето со компанијата, пазарот и работните места (во категоријата 500-4999 вработени).
2012 “German Sustainability Prize”
HiPP ја доби наградата за една од ТОП 3 нај одржливи компании во Германија.
2011 “German Solar Prize 2011”
EUROSOLAR, Европската Асоцијација за обновлива енергија го одликуваше HiPP како пример за употребување на обновливата енергија.
2011 “The Honourable Businessman”
The Ordinance on Collective Capital Investments (KKV) го одликуваа етичкото раководење на компанијата со своите вработени, клиентите и општеството. Пример сме исто така и за граѓанска посветеност, деловна храброст и коректно управување.
2010 “Entrepreneur of the Year”
Оваа награда е за развојот и економската моќ, посебно чувство за одговорност и социјална посветеност.
2009 “German Sustainability Prize” in the category “Best purchasing” наградата припадна на HiPP за внимателнa и одржлива набавка на суровините.
Тука можете да најдете и други признанија и награди.
Соработки
Ние се гледаме себеси како организација за едукација, инволвирана во вмрежување и блиска соработка со универзитети, научни институции и други партнери.