Енергија за телото благодарение на ниацинот

Зошто е ниацинот толку важен?

Ниацинот спаѓа во групата на Б витамини. На организмот му е потребен ниацин за метаболизмот на мозокот – го регулира нивото на шеќер во крвта – исто така и клеточното дишење, мускулите и сврзното ткиво. На многу ензими кои се вклучени во размената на енергија, им е потребен ниацин.

Ниацинот исто така делува на расположението, сонот и срцевата акција. Помага и во детоксикација на телото.

Во тек на бременост и доење, потребни се од 15-17 мг. ниацин дневно.

Добри извори на ниацин

Рибата и месото се богати со ниацин, но исто и јајцата, цело зрнести продукти, јаткастите плодови, овошјето и зеленчукот.

Ниацинот од растително потекло не може толку добро да се апсорбира како оној од животинско потекло. Ниацинот е релативно стабилен на високи температури, светлина и воздух. Само 20% се губи во текот на готвењето. Бидејќи ниацинот во составот има амино киселина триптофан, нема да имате недостаток ако земате доволно протеини.

Симптоми на недостаток

Една од најпознатите болести поради недостаток на ниацин е пелагра, попозната како болест на „сувата кожа“. Пелаграта била откриена во 18-тиот век, во региони каде доминирала исхрана со пченка и просо кои не содржат ниацин. Дури и денес постојат региони во светот каде постои оваа болест. Во современите држави, пелаграта веќе не постои.

Недостатокот може да доведе до проблеми со сонот и дигестивни тегоби. Прв знак може да биде недостаток на апетит, во комбинација со сувост на устата и губиток на тежина. Вртоглавица, главоболка и блага конфузија исто така може да бидат симптоми на недостаток на ниацин.